| четврток, 6 декември 2018 |

Болт пристигна во Рио, и веќе почна добро да се забавува

usein bolt

Најбрзиот човек на Земјата, светски рекордер на 100 и 200 метри, во добро расположение пристигна во Рио.

По само неколку дена престој во Рио де Жанерио, Усеин Болт започна да се забавува. Јамајканскиот феномен на својата официјална „Фејсбук“ страница денеска објави фотографија со претставници на локалната армија кои позираа со носителот на шест златни олимписки медали во спринт.

Од 12 до 21 август Болт ќе се обиде да освои уште три златни медали на Олимпијадата во Бразил, која за него може да биде последна во кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top