Вчера околу 18.30 часот екипа на Итна медицинска помош Куманово телефонски пријавила во СВР-Куманово дека во с.Шупли Камен-кумановско, се самоповредил Б.С. (24) од Куманово, односно при скокање во реката Пчиња го повредил вратниот пршлен.
По укажаната лекарска помош во Јавниот здравствен дом во Куманово, момчето поради сериозноста на повредите било префрлено во Ургентниот центар во Скопје, каде му била констатирана тешка телесна повреда, поточно фрактура на вратна кичма.
Истиот е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.