| четврток, 6 декември 2018 |

Патник ги пцуе и клоца стујардесите – пилотот му покажува кој е главен (ВИДЕО)

Безобразен патник на летот од Кентаки до Шарлот во САД беше совладан од страна на пилотот откако одбиваше да седне, физички ја нападна стујардесата и пцуеше сѐ пред себе.

Инцидентот се случил на аеродромот додека патниците ги чекале скалите за излез од авионот. Нестрпливиот патник веќе имал испиено три чаши виски и бил расположен за физички пресметки, сведочат стујардесите.

Откако се искарал и ги истуркал повеќето од нив, пилотот морал да интервенира.

– Никој не смее да стави рака врз мојот екипаж – му рекол тој откако го соборил патникот на земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top