| четврток, 6 декември 2018 |

Ноктите од ЈСП стигнаа до Велика Британија (видео)

Веројатно уште ви се свежи сеќавањата на патникот во ЈСП кој така уредно си ги сечеше ноктите на нозете меѓу две станици.

Токму тој, односно документираното дело од чинот, повторно не „прослави на островот“!

meilИмено, британскиот Дејли меил, односно неговото електронско издание, денеска му посвети цела страница.

Насловот кажува доволно „Одвратен момент на патник кој си ги сече ножните нокти во автобус“, а видеото кое е вметнато во текстот е насловено како „Патник од пеколот; човек бесрамно си ги сече ноктите во автобус“.

Секако, како и секогаш, ќе напоменеме дека Меил Онлајн, лоцирајќи го Патникот, наведува Скопје, главниот град на Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top