| четврток, 6 декември 2018 |

До ДИК 980 барања од граѓани со спорни записи

­ До Државната изборна комисија (ДИК) до 13:00 часот се пријавиле вкупно 980 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 289 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 691 за пријавување ја искористиле веб ­ апликацијата на интернет страницата на ДИК. ДИК денеска ги објави поднесените пријави по општини.

Најмногу пријави има во подрачната единица на ДИК во Чаир 180, потоа во скопски Аеродром 83, во скопски Центар 76, во Кичево 62, во Гостивар 55, во Тетово­ 52 и скопската општина Карпош ­ 42

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top