| четврток, 6 декември 2018 |

Конте: Азар може да игра како втор напаѓач, само мора да ја подобри физичката подготвеност

Италијанскиот стратег на клупата на Челси, Антонио Конте има свој замисли за Челси во пресрет на новата сезона.

konte i azar

Антонио Конте важи за еден од тренерите каде што главниот акцент на играта е ставен на трчањето. Поранешниот селектор на Италија, сегашен тренер на Челзи почнува да ги прави своите тактички замисли за идната сезона во Премиер лигата. Така, Еден Азар, кој најчесто игра на левата крилна позиција, на последните неколку пријателски натпревари под водство на Конте, игра на сосем нова позиција, како втор напаѓач.

– Ми се допаѓа како Азар може да изигра како втор напаѓач, дури и би можел да биде добра солуција за нас доколку игра и како ‘шпиц’, а тука е и неговата природна позиција како крилен играч. Сепак, јас сметам дека најдобро ќе се снајде како втор напаѓач во тимот, но, тој ќе мора да ја подобри својата физичка подготвеност – порача Конте.

Јасно е дека Италијанецот во Челзи ќе ја форсира својата омилена формација 3-5-2. А останува да се види дали промената ќе му добредојдена на Азар, кој минатата сезона ја одигра под очекувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top