Србија славеше над Хрватска со резултат 86-77 во последното коло од силниот турнир во Аргентина, пред заминувањето на двете селекции на ОИ во Рио де Жанеиро. Српската репрезентација на овој натпревар настапи без повредениот Милош Теодосиќ, но ниту тоа не им пречеше на избраниците на Александар Ѓорѓевиќ да ги надиграат своите соседии и да стигнат до заслужена победа за зголемување на самодовербата пред Игрите во Рио.
Иако Србите во еден момент од натпреварот имаа шут за тројка 1/16, Ѓорѓевиќ сепак успеа да ја одржи самодовербата кај неговите избраници, кои почнаа да погодуваат од далеку кога беше најпотребно, го свртеа резултатот во своја полза и на крајот заслужено се радуваа на победата. Радуљица беше најефикасен во српскиот состав со 17 поени, четири повеќе од Богдан Богдановиќ, додека Бојан Богдановиќ со 18 поени беше најдобар поединец во редовите на Хрватска.
За истакнување е и „лудиот“ тајмаут на хрватскиот селектор Александар Петровиќ, кој не бираше зборови за критика на своите играчи по една серија на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)