Во Германија во пораст е продажба на воздушни пиштоли и спрејови за кои во земјата е потребна таканаречената „мала дозвола“. Продажбата на ваквите средства за самоодбрана драстично е покачена во првата половина на оваа година. Тоа пак се врзува со случувањата на новогодишната ноќ и сите други напади кои се случуваа во земјата. Очигледно е дека германците стравуваат за својот живот.
Статистички дури 49 проценти е зголемен бројот на издадените „Мали дозволи“ годинава, споредено со истиот период лани, што пак во бројки изнесува 402.000 дозволи за носење на средство за самоодбрана. Лани биле издадени помалку од 270.000.
Според полицијата граѓаните стравуваат.
-Граѓаните стравуваат од криминал и тероризам, а не се разубедуваат со статистиката и уверувањата дека опасноста не е зголемена. Тие сакаат да имаат чувство дека може самите да преземат мерки за својата безбедност, кога веќе државата затаила- вели претседателот на полицискиот синдикат Рајнер Вендт.
Побарувачката на овие средства најмногу е забележана во Келн и во соседниот Леверкузен, што се поврзува со новогодишните напади.
Всушност дозвола не е потребна з акупување на овие средства туку за нивно носење во јавност, но дел од германските пратеници веќе бараат таа дозвола да важи и при купување на таканареченото „Декоративно оружје“.
Токму со такво оружје неодамна беше извршен масакрот во Минхен. Се работи за оружје кое со мал зафат е претворено во „декоративно“, но повторно, со мал зафат, тоа повторно е смртоносно оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.