| четврток, 6 декември 2018 |

Партиите не откриваат кои новинари ќе ја мерат балансираноста во предизборното известување

mediumi-mikrofoni-640x407
Според договореното од Пржино, ад-хок телото за мониторинг на медиуми треба да се формира до 20 август, а на 19 август завршува регистрацијата на гласачите.

Имињата на членовите на ад хок тело за мониторинг на медиумите треба да се договорат до 15 август, како и кој ќе биде главен уредник на информативната програма на МРТ.

Како што беше договорено, седум дена откако стапија измените во сила, партиите треба да предложат кандидат за ад хок телото кое 100 дена пред изборите ќе ги мониторира медиумите во однос на балансирано известување, а потоа ќе се избере и петиот член.

Од партиите нема конкретни имиња за четворицата кандидати, велат консултациите се во тек, а планираат да се испочитува рокот за именување на членовите. Чинот на именување треба да го направи директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Петтиот член на ова тело ќе биде избран со консензус на четворицата веќе именувани членови, а ден потоа и тој ќе биде именуван.

Агенцијата во текот на 100-дневната работа на ова ад-хок тело ќе треба да изрекува казни согласно одлуките на ова тело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top