| четврток, 6 декември 2018 |

Богат Хрват му купи протеза -нога на дете откако му ја украле на плажа (видео)

herjavecЧетиригодишното дете од Санта Маргарита ги освои срцата на јавноста кога на локалните вести беше пренесена приказната дека неговата протеза- вештачка нога, му била украдена на плажа. Лиам Бренес е роден без коска во долниот дел од ногата и веднаш му била ампутирана до колено. Неодамна ја симнал протезата на плажа, за да ја заштити од солената вода. По некое време минато во водата, се вратиле на плажата но протезата ја немало. НЕговата мајка раскажува дека без неа детето не може да се движи, но нова чини неколку илјади долари, кои таа ги нема.


Оваа приказна стигнала и до еден добротвор со хрватско потекло, кој на на детето му овозможил нова протеза. Канадскиот бизнисмен Роберт Херјавец роден во Вараждин, Хрватска, е познат и по реалното шоу „Шарк Тенк“ вели дека приказната „му го скршила срцето“..

-Имајќи предвид на сите негативни работи кои се случуваат на овој свет, едноставно увидов прилика да му покажам на детето дека има и добри луѓе, за да расте со таа мисла- вели Херјавец кој договори еден ден со семејството во Дизниленд.

Инаку, неговата Херјавец Груп е водечки интегратор на безбедносни системи на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top