Страшно невреме ги погоди одредени делови од западниот и јужниот дел на Србија. Најтешко било во Ужице, Пожега, Пријепоље и Нови Пазар.
Во Ужице покрај невремето, во одредени делови од градот снемало струја. Во ужичкиот регион од 16 часот паѓа дожд пратен со силен ветар и грмежи.
На подрачјето на општина Пожега за неполни 2 часа паднале од 18 до 32 литри дожд на квадратен метар, пренесува РТС. Иако ветрот и грмежите најавувале олујно невреме, правиот монсунски дожд траел само десетина минути.
Од УХМР најавија дека утре во Скопје е можен пороен дожд проследен со силни грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)