Турските специјални сили уапсија 11 избегани команданти кои наводно пробале да го заробат или убијат претседателот Реџеп Тајип Ердоган, во обидот за државен удар.
Од Владата порачаа дека „нема да видат сонце додека се живи“. Ловот на командантите траеше повеќе од две недели, а пронајдени се со помош на дронови и хеликоптери во шумските делови во околината на Мармарис.
Тие се дел од групата која наводно го нападнала хотелот каде Ердоган бил на одмор, во вечерта кога има имаше обид за пуч, на 15 јули. Операцијата на апсење беше изведена преку нпќ и претставува продолжение на акцијата во која се отпуштени повеќе од 1.000 војници, а во чистката по пучот од државните институции, веќе се за затворени или отпуштени десетици илјади луѓе.
Министерот за економија Нихат Зејбекчи е уште еден од низата турските политичари кој продолжи со острата реторика во знак на одмазда.
-Ќе ги натераме да молат. Ќе ги ставиме во дупки, таква казна ќе трпат во тие дупки, нема да видат сонце додека се живи. Нема да чујат човечки глас веќе никогаш. Ќе молат да ги убиеме- порача Зејбекчи.
Ердоган за пучот ги обвинува поддржувачите на свештеникот Фетулах Гулен, кој го отфрли и осуди обидот за пуч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)