| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот пред убиството на полицаецот во Куманово бил на преглед во Бардовци

nozДежурен лекар во психијатриската болница Бардовци го прегледал осомничениот дента пред убиството и констатирал дека нормално се однесува и нема потреба да биде задржан, пренесуваат медиуми од Куманово.

Пациентот сам побарал од неговиот татко да го односи во болница, каде му дале апчиња. Според директорот на болницата Бардовци пациентот, кој претходно веќе лежел кај нив, тој ден дошол само на консултации.

-На 25 ти јули пациентот беше испишан од нашата болница по барање на татко му поради закажан термин за лекување во кумановската болница. На 29 ти јули повторно дојде во болницата но само за консултација. Немаше ниту упат за прием ниту барање. Дежурниот лекар процени дека нема индикации да го прими во болницата. Се однесувал нормално.

Само неколку часа по враќање од Брадовци, пациентот добил напад и со мало ноже прво ја повредил мајка му па сестра му, поради што била повикана брза помош која побара засилена полициска интервенција.

Осомничениот бил толку многу агресивен што четворица полицајци морало да интервенираат, а првиот кој се соочил со него добил смртоносен удар со нож во грбот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top