Најстарата и најголемата филмска школа на светот, московскиот ВГИК, го одликува македонскиот режисер Милчо Манчевски со почесен докторат, пренесува МИА.
Почесниот докторат го доделува Советот на универзитетот, а на Манчевски му ја врачи ректорот на ВГИК Вадимир Малешев.
ВГИК е единствен филмски универзитет на светот и една е од најреномираните филмски институции воопшто. Формиран е во 1919 и е најстара филмска школа на светот. Меѓу бројните педагози кои предавале на ВГИК е и основоположникот на современиот светски синеастички израз, Сергеј Ејзенштајн, а дипломци на школата се Андреј Тарковски, Сергеј Параџанов, Сергеј Бондарчук, Елем Климов… На универзитетот студираат 2.000 студенти, а ВГИК има и сопствено филмско студио, комплетна опрема за продукција и постпродукција, лабораторија, па дури и свој студентски дом.
Минатата есен и оваа пролет Манчевски гостуваше на ВГИК со педагошко-продукциски проект што го финансираше американската влада. Во проектот беа вклучени сите факултети кои работат во рамки на филмскиот универзитет, а резулатите беа прикажани на завршна проекција на крајот на минатиот месец. Проектот доби огромен публицитет во руските и во светските медиуми, за него опширно јавија ТВ каналот „Култура“, „Москва тајмс“, „Русија тудеј“, „Холивуд репортер“.
Одлуката за доделување на Почесниот докторат ја донесе Наставничкиот совет на ВГИК, а информирани се и руското Министерство за култура и македонската амбасада во Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура