| четврток, 6 декември 2018 |

Дали сакате ова лето да бидете сирена или кит: Одговорот на една мајка ја воодушеви планетата

Оглас за еден фитнес центар предизвика реакција на мајка која одговори на неверојатен начин и ги доби симпатиите нај многу жени во целиот свет.

„Пред некое време на влезот во една теретана, имаше фотографија на многу убава слаба жена. Над нејзината глава пишуваше: „Ова лето сакате ли да бидете сирена или кит“?

Јас им одговорив:

Драги мои,

Китовите секогаш се опкружени со пријатели (делфини, фоки, љубопитни луѓе), сексуално се активни и нежно ги чуваат своите деца. Заедно со делфините лудо се забавуваат, прават добри забави, каде добро се јаде. Пливаат по цел ден и патуваат на места како Патагонија, Баренцово Море или до коралните гребени на Полинезија. Многу убаво пеат и понекогаш дури снимаат ЦД-а со своите гласови. Импресивни се и сакани, а добрите луѓе ги брнат и им се восхитуваат.

Сирените не постојат.

Но кога би постоеле, би стоеле во редица пред психо-клиниката, затоа што како прво би имале проблем на подвоена личности: жена или риба?

Не би можеле да бидат сексуално активни, ниту да раѓаат деца.

Да, би биле слатки, но осамени и тажни.

И би мирисале на риба. Тоа ретко, кој може да го поднесе.

Ако треба да се избира – би избрала да бидам кит.

Сакам да јадам сладолед со децата, да вечерам со партнерот, да јадам, пијам и се забавуват со пријателите, колку и да се трудат медиумите да ни наметнат слабеење.

Ние жените се дебееме затоа што во нас се насобира толку многу искуство и мудрост се до главата, па убаво се проширува телото.

Значи не сме дебели, туку ни се наметува слабеење.

И секогаш кога ги гледам своите облини во огледало, помислувам:„Колку сум величествена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top