Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до денеска до 13 часот, 756 граѓани се пријавиле за да го регулираат своето избирачко право.
Од пријавените, како што информираат од ДИК, 207 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 549 за пријавување ја искористиле апликацијата на веб-страницата на ДИК.
На вкупно 39.502 граѓани не им се совпаѓаа податоците при вкрстените проверки за прочистување на Избирачкиот список и беа ставени на посебен список. Тие имаат рок до 19 август да се пријават до Државната изборна комисија за да го регулираат своето избирачко право и да достават валиден личен документ на проверка, по што ќе бидат вметнати во избирачкиот список.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот