| четврток, 6 декември 2018 |

Борилиштата во Рио со сомнителен квалитет, се сруши рампа за едрење

rampa rio

Главната рампа во Марина де Глорија, местото каде што ќе биде организирано олимпиското натпреварување во едрење, се урна пет дена пред почетокот на Олимписките игри во Рио.

Најголемиот центар во Рио де Жанеиро за ова натпреварување пропадна делумно, што отвори нов сомнеж околу квалитетот на борилиштата за престојните Олимписки игри. Портпаролот на организацискиот комититет на ЛОИ 2016, Филип Вилкинсон, истакна дека плимата е виновна за овој исход, а сега ќе мора да се бараат нови решенија.

– Се очекува во следните четири дена штетата да биде санирана, и рампата повторно да биде функционинална. Мислам дека нема да бидат загрозени тренинзите на натпреварувачите – истакна Вилкинсон.

Натпреварувањето во едрење на ЛОИ 2016 почнува на 8 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top