| четврток, 6 декември 2018 |

Лина и без настап ја има најдобрата позиција во кариерата

lina gjorcevska

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на најновото рангирањето на најдобрите светски тенисерки.

Македонката и без настап оваа недела скокна на 215. место, што е нејзин најдобар ранкинг во кариерата. Ѓорческа направи скок за четири места за разлика од минатата недела и неверојатно е колку само напредуваше во месец јули.

Серена Вилијамс и натаму е водечка пред Анжелика Кербер од Германија, следи победничката на Мастерсот во Монтреал, Симона Халеп на третото место на ВТА листата. Следен турнир е натпреварувањето на Олимписките игри во Рио кое започнува на 5.август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top