| четврток, 6 декември 2018 |

Бабунски: Бев стрплив и дочекав, задоволен сум од настапот против Металац

По победата над Металац од 3-1 во рамките од српскиот шампионат и одличниот настап на нашиот Давид Бабунски во дресот на Црвена Звезда, тренерот на екипата, Миодраг Божовиќ се наоѓа во дилема дали да му даде шанса од првата минута на нашиот фудбалер за врска и на мечот со Лудогорец во возвратниот натпревар од третото коло на квалификациите од Лигата на шампионите. Нашиот фудбалер е свесен дека напредува во „црвено-белиот“ дрес и веројатно ги дочека своите пет минути.

– Уживав на теренот, задоволство ми е што победивме, што тренерот ми даде шанса и што ја искористив. Одлично соработував со Канга, но сепак колективот е најважен, имаме многу натпревари, сите се важни во групата која ја имаме. Бев стрплив, чекав шанса да играм од првата минута и дочекав. Знам дека нервозата не води никаде. Клуб како Црвена Звезда не смее да размислува само да победува, туку и како победува. Имаме одличен резултат од Бугарија против Лудогорец и свесни сме колку е мечот важен за нас и за нашата иднина. Знаеме каква ќе биде атмосферата, веќе со денови се зборува за тоа, навивачите ќе нè понесат до уште еден голем успех – истакна Бабунски за „Спортски журнал“.

Нашиот младински репрезентативец потврди дека пишува книга и дека постојано наоѓа инспирација за тоа, а кога ќе ја заврши сака од шпански јазик да ја преведе на англиски, македонски и српски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top