| четврток, 6 декември 2018 |

Големо апсење во Грција по упад на анархисти во црква

Грчката полицијата во неделата уапсила 26 анархисти кои прекинале литургија во соборната православна црква во Солун во знак на протест против евакуација на зграда која незаконски ја користеле бегалци, соопштија полициски извори.

„Солидарност со беглаците“, пишувало на летоците кои активистите ги фрлале во црквите од кои излегле неколку минути подоцна, соопштил соговорникот на AFP.

Интервентните полициски сили дошле на местото на настанот и уапсиле 26 лица, меѓу кои девет странци, и тоа по четворица Германци, Швајцарци, Австријци, Шпанци, Британци и Мароканци.

Ќе им биде судено за „попречување верски собир“, рекол исти извор.

Полицијата не ја исклучува можноста дека уапсените странци пред една седмица учествувале на собирот „Без граници“ (No border) организиран на универзитетот во Солун. Ова паневропско движење обединува различни организации кои се заземаат за правата на бегалците и укинување на границите.

Многу напуштени згради во Атина и во Солун последните месеци кои бараат самоуправа и анархисти кои во нив ги сместуваат бегалците.

Според официјалните податоци на грчките власти, во таквите сквотови живеат повеќе од две илјади бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top