| четврток, 6 декември 2018 |

Чикаго со победа го расипа славјето на Леброн Џејмс и на Мајами

Леброн Џејмс ја доби наградата за најкорисен кошаркар во НБА, а славјето му го расипаа играчите на Чикаго, во првиот полуфинален меч од источната коференција . Тие направија сензација и го победија актуелниот шампион Мајами, на негов терен со 93-86.

Леброн беше најефикасен кај Мајами со 24 поени, имаше и 8 скока и 7 асистенции, но немаше расположени соиграчи. Само уште Двејн Вејд од десетмината домашни кошаркари имаше двоцифрен ефект во поени, 14, што доведе до пораз на актуелниот првак.

LeBron James, Percy Vaughn, David Stern, most valuable player

Чикаго  е сѐ поопасен како што одминува плејофот иако поради повреди Булс игра десеткуван. Главниот адут Дерек Роуз не им игра цела сезона, а во првата рунда се повреди и Луол Денг, двајца кошаркари што се стандардни членови на првата петорка. Сепак, биковите играат храбро и изненадувачки добро, па најпрво во мајсторката од првото коло на гостински терен го елиминираа Бруклин, а сега го победија и шампионот на стартот од полуфиналната серија до 4 победи. Нејт Робинсон ја презеде улогата на Роуз и игра импресивно, а вистинско откровение е Џими Батлер, кој го менува Денг. Тој даде 21 поен, со 14 скока и беше силен адут за Булс, заедно со Робинсон, кој беше најефикасен на мечот со 27 поени. Патем, тој одлично ги разигруваше соиграчите и прокнижи 9 асистенции. Двоен ефект оствари Жоаким Ноа со 13 поени и 11 скока. Тактиката на Чикаго да се неутрализираат соиграчите на Леброн потполно успеа и тие заслужено водат со 1-0. Следниот меч повторно ќе се игра во Мајами.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top