Околу 10 илјади симпатизери на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган учествуваа на митингот во негова поддршка во Келн. Присутните им оддадоа почит на жртвите од пучот со минута молчење.
Агенцијата АФП пренесува дека полицијата изјавила оти биле 40 илјади приврзаници, а организаторите тврдат дека биле 50 илјади.
Се виореле знамиња на Турција, а демонстрантите извикувале: „Да на демократијата, не на пучот“, „Ние сме Германија“ и „Ердоган – борец за слобода“.
Полицијата на местото на одржување на собирот распоредила 2.700 полицајци кои денеска пополадне го растерале контра-собирот на двесте германски анти-испламски десничари.
Во Келн истовремено се одржуваат уште три собири на десничари, антидесничари и групи различни иницијативи.
Германија забрани директно пренесување на говорот на Ердоган до неговите приврзаници во Келн.
Во Германија живеат околу три милиони граѓани со потекло од Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.