Група милитанти од Корзика ги предупредила терористите на ИСИС дека жестоко ќе им возвратат доколку изведат било каков напад на нивниот остров. Истовремено, тие ги повикале сите корзикански муслимани на единство.
Национален ослободителен фронт на Корзика, во изјавата за локалниот весник, предупредува дека на секој терористички напад на земјата на Коризика ќе одговори “промптно, жестоко и без грижа на совест”. За евентуален терористички напад на Корзика, додаваат, би била одговорна и француската влада.
-Вашата средновековна филозофија не нè плаши”, рекле корзиканските националисти повикувајќи на “ладнокрвно соочување со варваризмот”. Корзиканските муслимани ги повикале да го отфрлат радикалниот ислам и да ги предупредат властите на сите оние кои го заговараат и кои се радикализирани. “Доколку ИСИС преземе било каква акција на нашата земја, можеме да го победиме само обединети, велат.
-Доколку се случи тука било каква трагедија, француската влада ќе сноси одговорност за тоа бидејќи тие знаат кои се радикални исламисти на Корзика, предупредуваат Корзиканците и ја повикуваат Владата да престане со учеството во воените интервенции против ИСИС кои им се враќаат како бумеранг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)