Деца во Сирија и Ирак се тренирани од џихадистите на Исламската држава за во иднина да изведуваат терористички напади во Европа.
Оваа терористичка организација често се фали дека децата ги користи како борци и бомбаши-самоубијци, а неодамна светот беше шокиран од снимка на 4-годишно дете – џихадист од Велика Британија. Сега постојат стравувања дека со текот на времето, бројот на ваквите деца – џихадисти ќе порасне.
-ИСИС во своите пропагандни материјали често покажува како тренира малолетници кои би биле идната генерација на терористи, а тоа во иднина би можело да претставува голем безбедносен проблем за Европската унија, стои во годинешниот извештај на Европол.
-Некои повратници ќе претставуваат закана за ЕУ затоа што ќе регрутираат нови членови или ќе радикализираат активисти. Тие би можеле да станат пример за нашите џихадисти, стои во продолжение.
Во самопрогласениот Калифат моментално има над 50 деца од Велика Британија, а се проценува дека таму живеат над 30 илјади трудници. Меѓу нив се наоѓа и Иса Даре, малолетник од Лондон кој со својата мајка пристигнал од Сирија.
Аналитичарите на Исламската држава ги доживува како клучен фактор за обезбедување на долгорочен успех. Ги смета за подобри и поубиствени борци поради тоа што се „научени“ од самото раѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)