| четврток, 6 декември 2018 |

Дали во Турција се случува втор пуч – Инџирлик опколена заради наводна инспекција

Околу 7.000 вооружени полицајци со тешки оклопни возила ја опколиле и ја блокирале воздухопловната база Инџирлик во Адана, која ја користи НАТО, а која веќе беше предмет на рестрикции по неуспешниот државен удар.

база2

Турскиот министер за европски прашања, Омар Челик, рече дека станува збор за „безбедносна инспекција“, додека локалните весници шпекулираат дека можеби е во тек втор државен удар.

база3

Според непотврдени информации, пак, војниците се испратени за да се справат со нов обид за државен удар. Весникот Хуриет навести дека затворањето на базата можеби е поврзано со обид на Ердоган да спречи втор државен удар. Весникот претходно објави дека властите добиле дојава за втор пуч и веднаш ги испратиле силите кај базата.

база4

Поддржувачи на Ердоган и на неговата партија АКП се обидуваат да стигнат до воздушната база, но се задржани од воената полиција.

Според локални извори, полицијата ги затворила влезовите во базата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top