На утрешната 12. трка во Формула 1 шампионатот, за Големата награда на Германија, тимот на Мерцедес ќе ги има првите две стартни места.
Во денешните квалификации возачите на Мерцедес остварија најдобри времиња, а од пол-позицијата трката на патеката во Хокенхајм ќе ја започне домашниот фаворит Нико Розберг, пред клупскиот колега Луис Хамилтон.
Зад нив во вториот стартен ред ќе бидат возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен, додека од третиот ред германското Гранд при ќе го почнат пилотите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.
Во генералниот пласман водечки е Хамилтон кој има 192 бода, шест повеќе од Нико Розбер. По нив следуваат: Даниел Рикардо (Ред Бул) 115, Кими Раиконен (Ферари) 114, Себастијан Фетел 110 (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул) 100…
Следната 13. трка ќе се вози на патеката Спа-Франкошамп за Големата награда на Белгија на 28. август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.