| четврток, 6 декември 2018 |

Гинеколог одговара на вечното прашање: Дали е штетно капењето во оние денови?

Ако се` уште не сте заминале на годишен одмор, сигурно сте го проверувале календарот и сте ги броеле деновите од циклусот за на плажа да не ве изненади менструацијата.

И додека некои жени на менструацијата за време на одмор на море само одмавнуваат со раката, други се плашат и забораваат на капење во тие денови.

На многу жени, жените од постарите генерации им всадиле страв во коски дека капењето за време на менструација е опасно по здравјето. Исто како што не се препорачува туширање во многу топла или многу студена вода за време на циклусот, така и за време на годишните одмори и капењето во море треба да следи одредени правила.

Температурата на водата не треба да биде премногу студена, а пред и по влегувањето во неа треба да се промени тампонот, советува доктор Ула Мартон.

Исто така, не треба да се останува во воден костим за капење по излегувањето од морето, а ако имате пообилна менструација или некои здравствени, гинеколошки проблеми, пред одењето на море посоветувајте се со својот гинеколог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top