| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство во Белград, газда застрелан пред сопругата и синот (вознемирувачки фотографии)

Сопственик на познато белградско кафуле утрово е убиен во населбата Белвил во Нов Белград во Србија. Се работи за А.С., кој опред неговото кафуле „Плаза дел кафе“ седел заедно со сопругата и синот.

Српски медиуми неофицијално пренесуваат дека нападот го извршиле двајца мажи на мотор, кои по убиството веднаш заминале во непознат правец.

Кон него биле испукани повеќе куршуми, а тој им подлегнал на повредите.

Српската полиција веќе работи на расчистување на случајот.

Фотографии: РАС

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top