| четврток, 6 декември 2018 |

Многумина велеа дека не им треба, но Ибра веќе донесе 90 милиони евра заработка за Јунајтед

Kога Жозе Мурињо одлучи да го донесе Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед, критичарите веднаш побрзаа да кажат колкава грешка направила управата на „црвените ѓаволи“ со овој потег – да донесе напаѓач кој е во фудбалски поодминати години и тоа за плата од 11,5 милиони евра годишно.

Устата на критичарите е затворена, откако се дозна дека клубот на име на Ибрахимовиќ веќе заработи 90 милиони евра. Поточно, таа цифра ја инкасираше за само седум дена само од продажбата на дресовите, пишуваат островските медиуми.

Манчестер Јунајтед е деветти клуб во кариерата на Ибра, но најверојатно нема да биде и последен. Иако во октомври полни 35 години, наголемо се шпекулира неговиот трансфер во МЛС следното лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top