Во четвртокот вечерта во Филаделфија Хилари Клинтон стана првата жена од некоја голема американска партија што е номинирана за претседател.
Зборувајќи за своите планови да создаде минимална плата и да се справи со Вол стрит, Клинтон често го напаѓаше републиканскиот ривал Доналд Трамп, на големо задоволство на публиката.
-Едноставно не е во ред Доналд Трамп да ги игнорира своите долгови, а студентите и нивните семејства да не можат да ги рефинансираат своите – рече таа.
Но се чини дека сета таа возбуда се одразила на сопругот Бил, кој седеше во публиката до демократскиот кандидат за потпретседател Тим Кејн.
Додека темата се префрлаше на справувањето со Исламска држава, поранешниот претседател на САД задрема – можеби веќе сонувајќи за своето враќање во Белата куќа.
Видно исцрпениот поранешен врховен командант, исто така, беше збунет од непријатното поместување на Кејн до него, кој во еден момент се чинеше дека се обидува да го блокира погледот на камерите кон задреманиот бивш претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)