| четврток, 6 декември 2018 |

Каменуван автобус на ЈСП, нема повредени

Ноќва во 00.30часот во ПС Ѓорче Петров, Т.С. (47) од Скопје  пријавил дека на претходно во 23.00 часот истата вечер, движејќи  се со автобус „јутонг“ на ЈСП-Скопје на релација од Автокоманда кон с.Сарај, поточно на ул.„Борис Сарафов“, непознат сторител извршил оштетување на автобусот во долниот и горниот дел.

Сторителот со фрлање на камења искршил повеќе стакла од автобусот по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top