| четврток, 6 декември 2018 |

Расмусен: НАТО не го окупираше Косово

rasmusen

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен денес во Европскиот парламент остро ги отфрли обвинувања дека Северноатлантскиот пакт го окупирал Косово.

-Внимавајте, мисијата на КФОР функцинира врз основа на мандат кој што го доби од ОН, со согласување на судрените страни-истакна тој откако еден грчки пратеник го праша до кога НАТО ќе го окупира Косово.

Расмусен потсети дека ЕУ во неколку досегашни резолуции ја подржа мисијата на КФОР како гарант за безбедност на Косово.

-Тоа тешко може да се нарече окупација-истакна генералниот секретар на НАТО, кој во тричасовниот дијалог со европските парламентарци беше изложен на серии непријатни прашања, од кои повеќето се однесуваат на улогата на НАТО во Авганистан и во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top