| четврток, 6 декември 2018 |

Путин едвај се воздржа: Ја гушна Елена, а потоа се скрши! (ВИДЕО)

Владимир Путин го организираше традиционалниот прием во Кремљ за 114 спортисти пред тргнувањето на Олимписките игри во Рио. Меѓутоа, меѓу нив се најдоа и суспендираните натпреварувачи, меѓу кои беше и Елена Исинбаева. Таа нема да се натпреварува во Рио де Жанеиро бидејќи е суспендирана, а таа одлука ја потресе и неа и рускиот претседател! Солзите не изостанаа.

dhkjhfdfsdh

– Не отстранија без докази, нагло и грубо. Не ни дадоа шанса да се браниме и да докажеме дека не сме виновни – рече двојната олимписка шампионка во скок со стап, која се расплака пред Путин.

На основа на фотографиите од настанот можеме да заклучиме дека и Путин бил на раб на солзи.

Претседателот на неутешната Елена ѝ пружи прегратка и утеха, а во налет на емоции, за малку ќе се расплачеше.

Инаку, Елена Исинбаева поради забраната на ИОК не смее да настапи во Бразил, каде што планираше да ја заврши кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top