Шкендија одигра одличен меч и во вистинско време го разби чешкиот комплекс на македонските екипи во еврокуповите, а победата од 2-0 против Млада Болеслав е добра подлога за реваншот и еден чекор поблиску до историски пласман во Лигата на Европа.
Во првиот натпревар од третото коло со головите на капитенот Ферхан Хасани и Бразилецот Стенио Жуниор вечерва најдоа лек за Млада Болеслав, па со два гола предност, по вечерашните 2-0, тетовци ќе патуваат во Чешка. Сето тоа за радост на сопственикот Лазим Дестани, и своите најверни навивачи, со огромна надеж и дека може да се избори посакуваното плеј-оф квалификациско коло за влез во групната фаза од Лигата на Европа.
Домаќините умешно ја искористија предноста од еден играч повеќе, по исклучувањето на Хулка во 52. минута и со два брзи погодоци славеа значајна победа.
Хулка мораше да оди во соблекувалната на почетокот од вториот дел, а прв бројчанат предност ја искористи Стенио Жуниор со гол во 69. минута. Само 6 минути подоцна погоди и Ферхан Хасани за одлични 2-0 пред реваншот во Чешка за една седмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)