| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: 257 од спорните граѓани се пријавиле до сега

drzavna-izborna-komisija-dikДржавната изборна комисија известува дека денеска до 13:00 часот, се пријавиле вкупно 257 граѓани за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список. Од нив 31 лице се пријавиле во Подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 226 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб апликацијата на Државната изборна комисија.

Според општините, најажурни во пријавувањето преку еден од начините за пријавување биле граѓаните од скопските општини чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни. Така, од Чаир се пријавиле 46 граѓани од кои 42 се пријавиле електронски. Од општина Аеродром до ДИК стигнале пријави од 36 граѓани за кои се врши дополнителна проверка. Од општина Центар пријави поднеле 25 гласачи кои се сметаа за спорни; додека од Карпош 20 граѓани граѓани чии што записи во Избирачкиот список беа спорни по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни.

dik po opstini

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top