На испраќањето на руските олимпијци на патот до Бразил, емотивен говор одржа легендарната руска атлетичарка Елена Исинбаева. Русинката ги испрати своите колеги, а во меѓувреме заплака и со солзи во очите се обрати кон претседателот на Русија, Владимир Путин. За тоа доби огромна поддршка и со аплауз беше поздравена од олимпијците.
– Казнети сме без никакви докази, а немаме време да се браниме и поради тоа нема да учествуваме на ОИ. Ние сме жртва на неправда и на луѓе кои не знаат што сакаат во спортот. Владимир, заштити нѐ од оваа неправда. Вашата поддршка ни е потребна, бидејќи ние спортистите сме немоќни – изјави Исинбаева.
Руските атлетичари добија забрана за учество во Рио, а исто така беа блокирани и сите спортисти, кои во минатото имале проблеми со допинг. Така, Русија во Бразил ќе патува без четири олимписки победници, девет освојувачи на медали и 15 светски прваци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)