| четврток, 6 декември 2018 |

Тридневен „Самер бич фестивал“ во Охрид

Овој викенд, пред празникот Илинден, во Охрид ќе се одржува „Самер бич фестивал“ („Summer beach festival”), тридневен фестивал на плажата „Немо“, на кој ќе настапат моментално најбараните артисти на Балканот.

Саботата, 30 јули, резервирана за Тајзи и Спејко со концерт во живо. Тајзи ќе го испее репертоарот од неговиот прв албум, а за првпат пред публиката ќе се престави и со дел од новиот материјал.

На 31 јули настапува грчката диџеј атракција „Бенг ла декс“ (Bang La Decks), дуо кое ги освои светските топ листи со хитови во егзотичен џангл ритам. Во недела ќе имаат неколку часовен сет на плажа „Немо“.

Понеделникот, 1 август,  е резервиран за српскиот хитмејкер Раста, кој урива рекорди на „Јутјуб“. Неговиот најнов сингл „Еуфорија“ за само неколку недели има 14 милиони прегледи. Регетон изведувачот Раста за првпат доаѓа во Охрид и ветува одлична забава со неговите најголеми хитови – „Кавали“, „Кавасаки“, „Хабиби“, „Мала“

Пред настапите на балканските ѕвезди, атмосферата ќе ја загреваат диџеи.

Картите се по промотивни цени :
Тајзи и Спејко 30 јули 200 денари
Bang La Decks 31 јули 300 денари
Раста 1 август 300 денари

Блок карта за сите 3 вечери ќе може да се купи по цена од 600 денари. Картите во претпродажба може да се набават на градскиот плоштад во Охрид,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top