| четврток, 6 декември 2018 |

По петти пат интернационален „Прилеп џез-викенд“

Последниот викенд од август во Прилеп е резервиран за интернационалниот џез-фестивал, кој годинава се одржува по петти пат.

„Прилеп џез-викенд“, кој е во организација на Одделението за култура при локалната самоуправа, на 25, 26 и 27 август ќе го презентира музичкото творештво од светски џез размери пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските вредности и културни содржини.

Годинава фестивалот има гости од Србија, Грција, Словенија и Хрватска.

Целата програма погледнете ја тука.

Место на случување е летната сцена од Центарот за култура Марко Цепенков, влезот е бесплатен, а фестивалските вечери започнуваат од 21.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top