Политичките партии попладнево, по речиси пет часа, начелно ги усогласија измените на законите за влада, за внатрешни работи, за медиумите и за Изборниот законик што беа договорени на 20 јули годинава.
Работните групи ги усогласија и деталите околу ад-хок телото кое во предизборниот период ќе го следи известувањето на медиумите.
Како што изјавија претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, Никола Тодоров и Радмила Шеќеринска, законските измени се очекува да бидат изгласани до крајот на неделата.
– Мислам дека ги усогласивме текстовите на сите закони кои треба да бидат доставени до Парламентот и се надевам дека ќе добијат поддршка од пратениците. Со тоа ќе се отвори патот за одржување избори. Моите очекувања се дека најкасно до крајот на оваа недела би требало да бидат веќе во сила, изјави Тодоров по средбата во Министерството за правда.
И Шеќеринска потврди дека претставниците на четирите политички партии постигнаа начелна согласност за законите предвидени со Договорот од минатата недела.
– До вечер, кога ќе ги добиеме финалните текстови, ќе можеме да кажеме дека уште еден чекор во имплементацијата е завршен и потоа партиите целата процедура ќе ја дискутираат во Собранието. Нашата цел е Македонија час поскоро да обезбеди услови за фер и демократски избори на кои нема да одлучува власта, туку ќе одлучуваат граѓаните, истакна Шеќеринска.
Ако до крајот на неделата пратениците ги усвојат договорените законски решенија, институциите ќе почнат да го спроведуваат Договорот од Пржино, а со тоа ќе се овозможи и одржување предвремени парламентарни избори до крајот на годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)