Кривичниот суд му определил 30 дена притвор на 40-годишниот педофилот кој викендов во скопски Капиштец вршел полови дејствија врз 12-годишно девојче.
Од обвинителството, други детали не откриваат. Во соопштението стои дека скопското обвинителство спроведува истражна постапка за кривично дело полов напад врз дете кое не навршило 14 години. За ова дело е предвидена казна затвор од најмалку 8 години.
Во петокот околу 19 часот девојчето му побарало 20 денари на осомничениот, а тој ја однел во гаража на улицата Анкарска, зад Млечен ресторан ѝ дал 500 денари и го извршил гнасниот чин.
Полицијата деновиве го привела и судија на претходна постапка му определил 30 дневен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најмалку две години се прислушувале телефоните во Обвинителството
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Обвинителството постапува по заканите упатени кон претседателот на ЗНМ, Селмани
-
Барал голи фотографии од девојче (14), а сега е старател на Јана – откриена мрачната тајна на Марјановиќ!