| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ и одговори на Тахири: Не ја менуваме уставната преамбула за Косово

dacicСрпскиот министер за надворешни работи во техничката Влада Ивица Дачиќ, по повод изјавата на косовската министерка Едита Тахири дека Србија ќе мора да ја менува уставната преамбула заради актуелниот статус на Косово, денеска порача дека неговата земја нема да ја менува својата позиција за Косово.

-Не е битен ниту Уставот, ниту преамбулата, овде станува збор за тоа дека ние не го признаваме едностраниот чин на сецесија, порача Дачиќ, одговарајќи на прашањето на новинарите после состанокот со министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнадек.

Според Дачиќ, меѓународната заедница може на светот со сила да му наметне такво толкување, но исто така ќе мора да одговори и на други примери кои во светот ќе почнат да се случуваат и кои веќе се случуваат.

-Кога неволјата ќе затропа на нивната врата тогаш ќе се сетат на меѓународното право. Ние не сакаме и не дозволуваме тоа да биде можно врз примерот на Србија, рече шефот на српската дипломатија.

Тој наведе дека некои сега коментираат колку е реален овој став на Србија, поставувајќи го прашањето дали било реално пред 40 години Косово еднострано да ја прогласи својата независност?

-Не смееме да се откажеме од тоа, па затоа нашиот предуслов е Србите да останат на Косово. Едита Тахири, според тоа, може да зборува што сака за албанската јавност, заклучи Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top