Доскорешниот играч на Колорадо универзитетот од американската НЦАА-лига, Џош Скот (23 год, 208 см) е најновата аквизиција на МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, пред напорната сезона во која шампионот го очекуваат исклучително тешки пресметки, пред сѐ во Еврокупот и во АБА-лигата.
Американецот одлично се снаоѓа на двете центарски позиции и зад него се повеќе од 1.700 поени, 900 скока и 100 блокади за време на четиригодишниот престој во колеџот. За Скот, настапот во дресот на „металците“ ќе биде дебитантски на европската кошаркарска сцена. Во последната средношколска сезона имал просек од 28,5 поени, 11 скока и 2,5 блокади и низа од 27 победи со својот тим.
МЗТ Скопје ги исполнува најавите за екипирање на „ростерот“ за следната сезона, секојдневно доведувајќи по еден нов кошаркар во своите редови.
Крилниот центар официјално е третото засилување за МЗТ Скопје Аеродром летово, откако претходно потпис на договорот со сино-белите ставија Холанѓанецот Шарлон Клоф и повратникот Ѓорѓе Дреновац.
Екипата од „Јане Сандански“ во новата сезона ќе ја предводи Емил Рајковиќ, а со него ќе работи и доскорешниот прв стратег, Александар Јончевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)