Двајца турски генерали кои се на служба во Авганистан, биле уапсени во Дубаи по обидот за воен удар во Турција, објави телевизијата „Си-Ен-Ен-Турк“, повикувајќи се на дипломатски извори. Уапсени се генерал-мајор Џахит Бакир, командант на турските сили во меѓународната мисија на НАТО во Авганистан и бригадниот генерал Шенер Топуч.
Тие денеска изутрина биле префрлени во Турција.
Најмалку 246 лица загинаа ноќта на 15 јули, кога група војници употребија авиони-ловци, хеликоптери и тенкови со цел да ги преземат аеродромите и нападнаа згради, меѓу кои и турскиот Парламент, при обид да ја соборат Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.