| четврток, 6 декември 2018 |

„Си-Ен-Ен Турк“: Двајца турски генерали уапсени во Дубаи

Двајца турски генерали кои се на служба во Авганистан, биле уапсени во Дубаи по обидот за воен удар во Турција, објави телевизијата „Си-Ен-Ен-Турк“, повикувајќи се на дипломатски извори.  Уапсени се генерал-мајор Џахит Бакир, командант на турските сили во меѓународната мисија на НАТО во Авганистан и бригадниот генерал Шенер Топуч.

Тие денеска изутрина биле префрлени во Турција.

Најмалку 246 лица загинаа ноќта на 15 јули, кога група војници употребија авиони-ловци, хеликоптери и тенкови со цел да ги преземат аеродромите и нападнаа згради, меѓу кои и турскиот Парламент, при обид да ја соборат Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top