Додека сонцето пржеше, вчера тажна поворка се упати кон гробот на актерот Манда каде беа одбележани 40 дена од неговата смрт. Неговата сопруга Анастасија, децата Марко, Марија, Филип и Андрија ги дочекаа пријателите на Манда кои не можеа да ги сокријат болката и солзите. На неговиот помен не дојдоа претставници од театарот на кој Манда го посвети буквално целиот живот.
– Ова е срамно пријатели. Тој живееше за театарот, а колективот не дојде на поменот. Огорчена сум од оваа постапка. Дојдовме само тројца, каде се останатите, ова е невидена срамота, потресено раскажа пријателка на Манда од театарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.