Францускиот министер за внатрешни работи Бернад Казнев најави дека размислува да ја тужи полицајката Сандра Бертин откако таа на медиумите им изјавила дека прославата во Ница е многу лошо обезбедена од страна на властите.
Казнев нејзината изјава ја опишал како „недолично обнивнение“ и „бескорисни шпекулации“.
Од кабинетот на министгерот најавуваат дека ќе биде спроведена темелна и транспарентна истрага за тоа како е можно терористот при брзина од 90 километри на час да покоси преку стотина и да убие 84.
Сандра Бертин, локална полицајка од Ница и шефица на Центарот за граѓански надзор на тој град во едно интервју ја критикуваше власта.
– На тој момент ќе се сеќавам до крајот на животот. Беше 22.33 часот. Камионот се движеше со 90 километри на час, со угаснати светла и не можеше да се слушне поради џагорот и прославата на улицата. Тој ја заобиколи оградата на локалната полиција. Не можевме да го сопреме. Не може да ги дупнете гумите на камионот од 19 тона со обичен револвер – изјави полицајката додавајќи дека е проблемот во лесното наоружување кое полицајците го имаат на располагање.
Бертин смета дека ако биле наоружани како националната полиција, како што претходно побарале од министерството за внатрешни работи, ќе биле во состојба да го сопрат камионот.
Откако ја дала изјавата, полицајката Бертин добила повик од министерството. Тврди дека и побарале да испрати извештај за локациите на локалната и национлната полција за време на нападот, но и да измени делови од извештајот. Додава дека неколку дена подоцна антитерорисчката единица од неа побарала да ги избршие снимките од безбедносните камери за да не ги види јавноста.
– Ќе биде многу корисно Бертин да може да биде испрашана од страна на истражните органи и да им ги предочи имињата и позициите кои таа ги обвинува, мејловите кои ги споменува и нивната содржина – го коментираше целиот случај Казнев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.