| четврток, 6 декември 2018 |

Заговор или случајност – како ист човек се најде во среде масакрот во Ница и во Минхен и сето тоа го сними?

novinar

Можноста ист човек да се најде на 15 јули во Ница кога полудениот убиец со камион усмрти 84 лица и седум дена подоцна во минхенската Олимпија центарот каде што беа убиени девет лица и сето тоа да го сними, е многу мала. Сепак тоа се случи.

Човекот што во растојание од седум дена се најде на местото на настаните, кои ја вознемирија Европа, е Ричард Гутјахр, германски снимател и новинар.

Тој живее во Минхен, па не е нелогично и во Ница и во својот град да се најде во центарот на тргедиите. Сепак, се наметнува прашањето како? Гутјахр во Ница го сними најгледаното видео од камионот, кој тргнува во газење на луѓето, следен од мотоциклистот кој неуспешно се обидува да го спречи. Тоа видео, снимено од балконот на хотелот на првиот кат, го обиколи светот.

Гутјахр изјавил дека случајно се нашол во непосредната близина на трагедијата, што е неверојатна среќа за професионалец како него.

Новинарот случајно се најде и во Минхен кога 18-годишник убиваше и рани луѓе. За време на крвавиот поход Гутјахр на „Твитер“ објви снимки од паниката, турканицата и специјалните полицајци во акција, а се претпоставува дека тој го снимил и човекот што почна да пука пред „Мекдоналдс“.

По социјалните мрежи почна да се шпекулира дека германскиот новинар однапред знаел за случувањата во Ница и во Михнен. Тој не одогвори на прозивките, но поборниците на теоријата на заговор откриле дека тој е во брак со израелката Еинат Вилф, која била израелска разузавачка и некое време советничка на премиерот Шимон Перез.

Премногу случајности на едно емсто, констатираат тие што се знанимавале со случајот Гутјахр и додаваат дека во двете трагедии станува збор за новинар, кој знаел што ќе се случи, а информациите, тврдат ги добивал од Мосад, израелската тајна служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top