| четврток, 6 декември 2018 |

МФ најави тужби за инволвирани во врска со издавањето на еврообврзницата

fin

Министерството за финансии истакнува дека еврообврзницата е издадена во согласност со законите и постапката што се применувале за издавање на претходните четири еврообврзници, реагира ресорното Министерство како одговор на денешното соопштение на СДСМ.

Сепак, се посочува, СДСМ продолжува со своите неосновани тврдења во однос на постапката за издавање на еврообврзницата со кои го нарушува и меѓународниот углед на земјата.

– Со цел да се заштити и угледот на институцијата Министерство за финансии и на земјата, Министерството за финансии ќе поднесе соодветни тужби за сите инволвирани страни што со клевета придонесоа за нарушување на меѓународниот углед- се вели во реакцијата од МФ и се подвлекува дека согласно Kривичниот законик, кривична пријава може да се поднесе и за лажно пријавување кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top