Снимката од расправата на Али Сонболи со луѓето околу трговскиот центар ја снимил 20-годишниот Мерсад Нухановиќ, а неговото видео подоцна го презедоа сите светски медиуми.
Двајца Босанци што живеат во Минхен, Мирсад и Невреша Нухановиќ, се повредени во нападот во Минхен, потврдиле членовите на нивното семејство.
Станува збор за семејството што со мобилен го снимаше напаѓачот од Минхен, додека тој се движел на покривот од трговскиот центар, каде што и го изврши масакрто.
-Тој со својот мобилен го снимаше 18-годишниот Иранец, кој на покривот се расправаше со еден Турчин, а тогаш почнал да пука кон нив – вели братучедот на Мирсад, Ифет Нухановиќ.
На снимката може да се слушне како луѓе се расправаат со убиецот, а потоа почнуваат да зборуваат на босански. Токму во тој момент куршум ги погодува Мирсад и Невреша.
-Мерсад ја снимаше караницата меѓу напаѓачот и Турчинот. Но Турчинот не се гледа. Во еден момент, Турчинот му рече на напаѓачот „Ене, те снимаат“. И тогаш почна да пука кон нив – вели Ифет.
Истрелите удриле во аголот на балконот, па се одбиле во таткото на Мерсад, Мирсад и во неговата мајка Невреша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)