| четврток, 6 декември 2018 |

Нов ужас во Германија: Сириец се разнесе во кафе-бар за време на музички фестивал (ФОТО+ВИДЕО)

Едно лице загина, а дванаесет лица се повредени, од кои тројца се во критичјна сосотојба, во експлозилја што се случи ноќеска во Ансбах во близина на Нојернберг. Нападот го извршил 27-годишен Сириец, кому лани му бил ускраен азилот во Германија, а кој загинал на самото место на несреќата.


Нападот го извел во близина на местото каде штос е одржувал музичкиот фестивал Ансбах опен, каде што малку пред нападот на на паѓачот му било забрането да влезе, затоа што немал карта. Откако не влего, отишол во кафе-барот „Егенс вајнстуб“, пред кој се разнел со бомба која ја имал во ранецот. По експлозијата фетивалот е прекинат, а околу 2000 луѓе се евакуирани.


Иако на почетокот не било јасно дали му била намерата во експлозијата да повреди и други луѓе или само да се самоубие, бидејќи е откриено дека веќе имал два обида за самоубиство, во меѓувреме е потврдено дека ранецот му бил полн со шрафови и клинци, што укажува на тоа дека во текот на експлозијата сакал да повреди колку што е можно повеќе луѓе.

Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека се уште не може со сигурност да потврди дали се работи за терористички напад, но се укажува на тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top